Дали на мажите навистина им се допаѓа секси долната облека?

Многу девојки и жени се нашле во ситуација да облечат секси долна облека, која не секогаш е удобна и да не ја добијат саканата реакција од својот партнер.

Од некоја необјаснива причина, мажите не знаат како да изреагираат кога ќе ја видат својата партнерка во мрежести чорапи и стегнат корсет. Од друга страна, некои девојки ова го сфаќаат како навреда и неценење на нивниот труд.

Кога жената ќе облече таква долна облека, од една страна се чувствува храбро, самоуверено и секси, но од друга страна покажува дел од себе кој изгледа ранливо. Би можело да се каже дека не секој маж сака секси тантела и мрежи. Некои воопшто не го сакаат тоа, други пак, имаат лични фаворити кога се во прашање боите, моделите и материјалот.

Наједноставно би било кога девојката би се обидела „од околу“ да го праша партнерот што му се допаѓа, но тоа би го уништило изненадувањето. Затоа е добро да се почне со помалку екстремни модели, па да се следи реакцијата.

Само на тој начин жените нема да се доведат во ризик да се чувствуваат навредено и непосакувано доколку на партнерот не му се допадне изборот.

Видео на денот