Дали масажата со лажица ги отстранува брчките од лицето?

Масажата со лажица е уште еден од третманите за опуштање на вашето лице. Оваа масажа ја поттикнува циркулацијата, ја затегнува кожата и на крајот кожата на лицето станува посјајна и поеластична. Благите движења му годат на лицето, кожата станува мазна и се подмладува. Масажата со лажица ги отстранува брчките, ги дефинира контурите на лицето и ја намалува отеченоста на вашите очи и на подочниците.
Ако 10-12 дена редовно ја практикувате оваа масажа, очекувајте ги првите промени.

Освен лажица, за оваа масажа се користат и масла, кои лесно се апсорбираат во кожата и на тој начин ја негуваат кожата одвнатре. Поместувајте ја лажицата полека од образот нагоре, а потоа надолу. Правете движења напред-назад под очите и под брадата. Можете да ја придвижувате лажицата и на вратот и на деколтето, на сите места на кои можат да се појават брчки.

Начин на изведување на масажата
Ќе ви биде потребна една лажица, чаша со вода, неколку коцки мраз и топло кокосово или маслиново масло.
Исчистете го добро лицето, а за тоа време оставете ја лажицата да стои во топло масло.
Потоа почнете со масажата.
Она што е важно да го знаете е дека оваа масажа е безболна, нема силни притискања со лажицата. Лицето треба да го масирате вкупно 10 минути. Почнете првиот ден една минута и секој ден зголемувајте го бројот на минутите додека не стигнете до 10 минути.

Видео на денот