„Членството во НАТО отвора перспективи, но носи и одговорност”

Албанија со свечена церемонија и со различни активности ја одбележува 10 годишнината на членството во НАТО, а во Тирана присуствуваа високи функционери на земјите членки на Алијансата и од регионот, меѓу кои и министерката Радмила Шекеринска. Албанија со свечена церемонија и со различни активности ја одбележува 10 годишнината на членството во НАТО, а во Тирана пристигнаа високи функционери на земјите членки на Алијансата и од регионот, меѓу кои министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, јавува агенцијата Анадолу (AA).

Конференцијата на тема „Албанија 10 години во НАТО – Зголемена сигурност за регионот”, организирана под покровителство на Министерството за одбрана на Албанија ги собра на едно место министрите на многу земји членки на НАТО, високи воени функционери и дипломати од различни земји. Министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, во својот говор на конференцијата рече дека стабилноста и сигурноста на Балканот се дел од евроатланската агенда.

„Имавме многу ефикасен период што се однесува до преговорите за зачленување и подготовка. Стабилноста и сигурноста на Балканот е евроатланска агенда и ова е јасна порака која ја делиме сите ние во регионот. Не можеме да инвестираме за евроатланската сигурност ако ние не сме заинтересирани да инвестираме за нашата регионална сигурност. Членството во НАТО ни отвора перспективи, но носи и нова одговорност и ние сме подготвени да ги постигнеме овие резултати. Нашата Влада одлучи секоја година да го зголемува буџетот за одбраната. Имаме придонес во мисиите на НАТО. Како идна земја членка на НАТО, веруваме дека овој придонес ќе биде поистакнат”, рече Шекеринска.

Таа исто така рече дека тоа што го имаат научено од 10 годишното искуството на Албанија е дека НАТО влијае не само на политичките динамики, туку според неа, и на економските динамики на земјите во регионот.

„За една и пол година Владата успеа да ја сврти државата на евроатланскиот пат. Ние сме подготвени да продолжиме со блиската соработка споделувајќи заеднички суштински вредности, за демократијата, за човековите права и правната држава. Споделувајќи ги и развивајќи ги овие вредности ние ќе ја делиме одговорноста, сигурноста, исто така ќе ја прошириме зоната на сигурност во целиот регион. НАТО подразбира солидарност и сите ја имаме манифестирано оваа солидарност во минатото”, рече Шекеринска.

Министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка рече дека во текот на овие десет години Албанија потпомогната од својот статус на земја членка на НАТО ја има консолидирано својата улога како столб на стабилноста во регионот.

„НАТО веќе не е само најуспешната воена алијанса на сите времиња, туку е и најдолготрајната алијанса во историјата. Имаме стратешка панорама длабоко трансформирана во споредба пред 70 години. Западниот Балкан поради својата географска позиција, но и поради историското наследство е местото каде се сретнуваат новите предизвици. Нашиот регион е, да речеме, во окото на ураганот. Со зачленувањето на Црна Гора и со решавањето на спорот за името меѓу Северна Македонија и Грција и отворањето на патот за нашиот источен сосед за зачленување во НАТО, сигурно дека денес сите се чуствуваме посигурни”, рече Џачка.

Одлуката за изградба на првата воздушна база на НАТО во регионот токму во Кучово-Албанија, според министерката Џачка е силен сигнал за одлучноста на Алијансата да остане во регионот и според неа ова е стратешка порака. Таа рече дека сега е моментот Алијансата да ги интензивира своите напори за стабилност на регионот.

„Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, за нас е пријателска земја и нашите напори се водат преку најдобрите начела и вредности, кои не соединуваат како две земји кои и припаѓаат на Европа”, рече министерката за одбрана на Албанија.

Видео на денот