Четворица вардарци во Ол стар тимот на СЕХА

2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екипата на Вардар која регуларниот дел во СЕХА лигата го заврши на првата позиција е застапена со дуро четворица ракометари на најдобриот тим од натпреварувањето.
Дејан Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров е најдобро лево крило, а место во идеалниот тим се најде и за бековите Даинис Криштопанс и Игор Карачиќ.

За најдобар тренер е избран Маноло Каденас од Мешков Брест, додека наградата за МВП на регуларниот дел му припадна на крилото на Загреб, Златко Хорват.
Изборот на идеалниот тим го направија капитените на 10. екипи кои се дел од СЕХА лигата.

Ол стар тим на СЕХА:

голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
тренер – Маноло Каденас (Мешков)
МВП – Златко Хорват (ППД Загреб)
дефанзивец – Павел Хорак (Мешков)

Видео на денот