• Слободен удар

Збеснавте, граѓански поданици!

Директорот на скопската топлана „Скопје Север“, Куштрим Рамадани, во саботата грубо и со пцости ѝ се нафрли на новинарката на порталот „МКД“, Катерина Додевска, која известуваше за тема од интерес на јавноста – дали оваа топлана смеела да работи на мазут, и дали тоа го направила прескокнувајќи ги прописите и процедурите за користењето на овој …

Збеснавте, граѓански поданици! Read More »

И над паразитите има паразити

ВМРО-ДПМНЕ објавува афера, што ја нарече „Паразити“. Искрено, не знам што има аферџиско во плати, но ако веќе им треба за да има драматична најава за прес-конференциите, нека им е. А, драма никогаш не недостигала кај нас, и тоа не само во платите што сега ги објавуваат, туку во целото делење директорски места – и …

И над паразитите има паразити Read More »

Парите јавни, интересот нивни!

По пет години откако беше кажано, престана да важи она „зборот е збор“ и настапи –  „молкот е молк“. Разумно, убаво и демократски звучеа тогашните зборови на Зоран Заев: „Оваа Влада нема намера да затвора пари во непродуктивни трошоци, какви што беа рекламирањето на пропагандата. Доста беше! Ги прекинавме владините реклами што од домашните и …

Парите јавни, интересот нивни! Read More »

НАЈ – игри за модерно Скопје

Да ми речеше некој пред некоја година дека највозбудлив дел од мојата работа ќе станат седниците на градскиот Совет, немаше да поверувам. Во ниеден случај. Работата на Советот се сведуваше на она што му е задача, да усвојува одлуки и проекти што треба да го подобрат животот на скопјани од сите аспекти. Однапред се знаеше …

НАЈ – игри за модерно Скопје Read More »

Пари немаме, поволни кредити одбиваме!

Благодарение на инаетчиското политикантство, земјава го изгуби кредитот од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, пари наменети за справување со енергетската криза. ВМРО-ДПМНЕ не дозволи ниту да се поведе расправа за темата, со образложение дека договорот за заем е условен со затворање на Осломеј во 2023 и РЕК Битола до 2027 …

Пари немаме, поволни кредити одбиваме! Read More »

Вицот за премиерот и за златната рипка од Зајас

Обидувајќи се да улови риби што ловат во матно, премиер на земја што е пред вратите на Европската Унија и членка на НАТО, фатил златна рипка додека местела тендери. Кога видел дека рипката е родум од Зајас, во чии врутоци се икрат моќни риби, ѝ рекол дека ќе ѝ прости. Дури ѝ ветил и дека …

Вицот за премиерот и за златната рипка од Зајас Read More »

Кој ќе ја „демонтира“ психозата од лажните бомби

Грижата за националната безбедност е главната должност на владата на секоја земја, а ако таа биде нарушена дури и со најмал инцидент, тогаш владата лошо си ја завршила својата работа. Мудроста во оваа реченица кажана од поранешната британска премиерка Тереза Меј можеби може да се искористи и периодов во Македонија, во моменти кога нашата безбедност …

Кој ќе ја „демонтира“ психозата од лажните бомби Read More »

Во новите бунари уште побрзо ќе пропаднеме

Потребен е договор за национално единство за ЕУ, кој ќе ги покаже искрените намери за европеизација на општеството и за полноправно членство во ЕУ. Потребна ни е собраниска група за европски реформи, која врз основа на Извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со преговорите со ЕУ да не бидат блокирани и …

Во новите бунари уште побрзо ќе пропаднеме Read More »

УНДП ѝ ги тргна розовите очила на власта

Македонија, земјата на огромните можности, којашто некои од нејзините лидери ќе ја правеа Швајцарија на Балканот, заостанува на секое поле зад земјите во регионот, а да не зборуваме за оние од Европската Унија. Извештајот на УНДП нѐ освести сите, а се надеваме и оние што ја водат државата, дека не е сѐ така розово како …

УНДП ѝ ги тргна розовите очила на власта Read More »

Организираниот криминал ве моли, не гонете го со Ислам, го боли

Во право беше Али Ахмети, претседателот на ДУИ, кога по лидерската средба во Собранието на новинарите, меѓу другото, им ја даде и следнава изјава: „Ако се отворат прашања од минатото, ќе нè спречат да одиме кон иднината“. И оваа изјава не е само генијална по својата содржина, туку и по тајмингот во кој е дадена. …

Организираниот криминал ве моли, не гонете го со Ислам, го боли Read More »