Call of Duty пристигнува на смартфоните (ВИДЕО)

Call of Duty Mobile е претставен со видео од кое откриваме дека играчите очекуваат препознатливо мултиплеер искуство, играјќи со култните ликови од франшизата на добро познати мапи, како и многу „прилагодувања“ поради микротрансакции.

Она што може да се очекува е опцијата Battle Royale, бидејќи во видеото гледаме авиони и простор сличен на Blackout.

Call of Duty Mobile ќе биде бесплатна за играње, што беше и очекувано. Заинтересираните страни веќе можат да аплицираат за пристап до играта преку продавниците за Google Play и App Store.

Видео на денот