Брутална ликвидација на Србин во Јоханесбург (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Иван Ѓорѓевиќ (59) убиен е во заседа во станбениот комплекс Хигбури во Браинсон близу Јоханесбург додека излегувал од блиндирано возило, а напаѓачите побегнале.

Според локалните медиуми, очевидците велат дека на мажот кој излегувал од својот автомобил, му се доближиле двајца маскирани напаѓачи, кои го следеле и пукале во него од автоматски пушки Р4.

Овој напад е продолжение на убиствата во кои за една година застрелани се шестмина Срби во Јужна Африка.

 

Видео на денот