Брисел ги обвинува Србија и Косово за меѓусебно провоцирање

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговори на жалбите на вицепремиерот на Косово, Енвер Хоџај и министерката за евроинтеграции, Дурата Хоџа, по проблемите што се појавија со Србија во врска со регионалната средбата на младите којашто се планираше да биде одржана минатиот месец во Приштина, пишува Коха Диторе.

Меѓутоа, Хан во неговото писмо, освен Белград, ја критикуваше и Приштина за ризикување на регионалната соработка,  особено одлуката на Косово за воведување на такса од 100% за српските и босанските производи.

„Регионалната соработка, мир и помирување зависат од посветувањето на сите страни, храброста и политичкото лидерство. За жал, тоа што го видовме во последниот период е против сето тоа, особено постапките на меѓусебна провокација на Белград и Приштина последните месеци.“ пишува во писмото на Хан.

Според Коха Диторе, за содржината на писмото информиран е и косовскиот премиер Рамуш Харадинај од страна на Шефот на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова.

Видео на денот