Брестовац отпиша четворица за дуелот со Исланд

фото:РФМ

Селекторот Данило Брестовац по единствениот тренинг кој го имаше со репрезентативците одлучи да го скрати списокот на 16 ракометари на кои ќе смета за двата дуели со Исланд во квалификациите за ЕП 2020.

Oчекувано отпаднa голманот Мартин Томовски бидејќи Ристовски и Митревски се неприкосновени, а во оваа репрезентативна акција ќе се играат само два натпревари.
Исто така од списокот отпаднаа и Мартин Манасков, Димитар Димитриевски и Мартин Серафимов.
Репрезентацијата ќе патува за Исланд сабајлево, и во Рејкјавик ќе има исто така само еден тренинг, додека натпреварот со Исланд се игра в среда (21.45 ч.).

Видео на денот