Бред Пит освои Златен глобус, а ваква беше реакцијата на Џенифер Анистон (ВИДЕО)

Дали се уште е заљубена во него?

Бред Пит освои „Златен глобус“ за улогата во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“, а американските медиуми не престануваат да пишуваат за реакцијата на неговата поранешна сопруга – Џенифер Анистон која непрекинато го поддржувала од публиката.

Бред во текот на својот говор се пошегувал во врска со неговиот љубовен живот, а камерите кои го пренесувале во живо доделувањето на наградите за Златен глобус во тој момент се фокусирале на Џенифер која седела во публиката.

„Би ја повел мајка ми ама не смеев затоа што луѓето ќе мислат дека сум во врска со секоја жена покрај која што стојам па тоа би било малку чудно“ – се пошегувал Бред, а камерите ја снимиле Анистон на која очигледно тој хумор ѝ се допаднал.

Кога Бред се вратил на својот стол во публиката, Џенифер неколку пати погледнала кон него.

Инаку, на ова доделување на наградите за Златен глобус многу се зборувало за нивната можна средба на црвениот тепих, а некои новинари дури го прашале Бред за тоа можно сценарио.

„Сигурно ќе ја сретнам Џен, ние сме добри пријатели“ – изјавил тој.

Видео на денот