„Бомбашот Салах“ ја крена Англија на нозе

EPA-EFE/PETER POWELL

Навивачите на Челси продолжуваат со скандалозните расистички испади, а новиот последен „настап“ ја крена Англија на нозе. Имено, тројца навивачи на Челси пред натпреварот со Славија во рамките на четвртфиналето на Лигата на Европа во паб во Прага пееја расистичка песна за „Бомбашот Мохамед Салах“ поради што им беше забранет влез на стадионот „Синобо“.

Навивачите на Челси објавија видеоклип во траење од 20-тина секунди во кој го навредуваат Салах кој е со муслиманска вероисповест, пеејќи „Бомбашот Мохамед Салах. Бидејќи Челси доби само 1.077 влезници за натпреварот со Славија Прага, тројцата навивачи веднаш беа идентификувани и им беше забранет влез на стадионот.

Веднаш се огласија од Ливерпул од каде што најавија дека ќе поднесат тужба до навивачите, а и целата англиска јавност го осуди испадот и бара поригорозни казни за расистичките навреди.

Ова не е прв пат навивачите на Челси да се најдат на удар на јавноста поради расистичкото однесување. Клубот сезонава им ги одзема годишните билети на четири навивачи кои го навредуваа Рахим Стерлинг, додека на гостувањето во Унгарија во рамките на Лигата на Европа извикуваа антисемитски пароли.
Тие пред неколку години во париското метро исфрлија од возот тројца црномурести граѓани на Париз.

Видео на денот