Бојата на гардеробата ја открива вашата личност (ВТОР ДЕЛ)

Зелената боја е симбол на природата, смирува и остава впечаток на свежина. Таа е најлесна боја за очите. Темно зелената е мошне мажествена, конзервативна и имплицира богатство, додека светло зелената се поврзува со разиграна и полетна природа. Зелената боја предизвикува добро расположение, а нејзината пријатност доаѓа од сродноста со природата што предизвикува чувство на мир и задоволство.

Оние кои преферираат зелена боја водат активен, јавен живот, секогаш живеат во пријатно опкружување и главно се финансиски стабилни. Исто така се грижливи, љубезни и имаат меко срце.

Сината е една од најпопуларните бои за носење. Делува смирувачки на другите, а претежно на сите добро им стои. Симболизира посветеност и способност за самоконтрола. Сината боја е најдобар избор ако одите на разговор за работа, бидејќи оддава впечаток на самодоверба и доверливост. Истражувачите откриле дека потемните нијанси на сината боја имаат смирувачки ефект. Сината боја се поврзува со интелигенција, доверба, ефикасност и смиреност.

Сини нијанси на облека често бираат љубезните, симпатични, па дури и срамежливите луѓе. Како што велат психолозите, лицата во сина боја ќе станат прекрасни родители и работници за пример. Смиреноста и рамнотежата се најчести особини што ги имаат овие типови луѓе.

Виолетова – се поврзува со луксуз, богатство и софистицираност на оној кој ја носи. Исто така е женствена и романтична, но може да биде и тешка за окото бидејќи е многу ретка во природата. Во минатото оваа боја го претставувала благородништвото и повисокото друштво.

Познато е дека Клеопатра ја обожавала виолетовата боја. Денес оваа боја значи креативност и љубов за уметноста. Луѓето кои носат виолетова боја се емоционални и чувствителни. Тие се сонувачи, страсни се и сакаат мистика. Исто така се познати и како непредвидливи и да се излезе на крај со нив може да биде и лесно и тешко во исто време.

Кафена е боја на земјата и открива стабилна и доверлива личност на лице кое не сака претворање. Исто така е симбол на стабилност и поттикнува на комуникација. Кафената е боја на земјата, боја на нешто силно и стабилно. Така другите ги доживуваат луѓето кои ја носат кафената и нејзините нијанси.

Луѓето кои сакаат да ја носат оваа боја се малку конзервативни, ги почитуваат постарите и секогаш бараат мир, стабилност и сила во сè. Девојка во кафен фустан и маж во кафена јакна оставаат впечаток на доверливи, интелигентни и рационални личности.

Видео на денот