Бо Дерек: Првиот партнер го разведе од Линда Еванс, а денес нејзин сопруг е „Ејден“ на Кери Бредшо

Фото: Instagram

Кога се појави во филмот „Десет“ во 80-тите, сите жени сакаа да бидат како неа, а сите мажи полудеа по актерката. Сепак, таа никогаш не била особено поласкана од титулата секс симбол, но поради својот атрактивен изглед, Дерек брзо го освои Холивуд и стана ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tyler_pupkin

Бо Дерек (64), американска актерка и поранешен модел, е родена како Мери Кетлин Колинс во Лонг Бич – Калифорнија во 1956 година. На почетокот на нејзината кариера работеше како фото модел, а животот ѝ се промени кога се сретна со режисерот Џон Дерек на една аудиција.

Кога се вљуби во него, таа имаше само 16 години, а тој беше 30 години постар од неа. Џон се разведе од актерката Линда Еванс или попозната како Кристл Карингтон , тогашната ѕвезда на „Династија“. Две години по запознавањето на убавата Бо, парот се венчаше во 1976 година. Во едно интервју. За бракот со славниот режисер, таа рече: „Бев многу млада, но исто така, факт е дека бев и причина за распадот на бракот меѓу Линда и Џон. Тоа беше погрешна одлука. Научив дека никогаш, никогаш повеќе нема да го направам тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coral Grace (@coralmag_insta)


Тие соработуваа заедно, меѓу другото и во еротскиот филм „Болеро“, кој помина многу лошо и кај публиката и кај филмските критичари. Имено, овој филм се смета за едно од најлошите и најконтроверзните достигнувања некогаш снимени.

По овој филм, таа глумеше во „Духовите не можат да го сторат тоа“, „Жена на копнежот“ … но здравјето на нејзиниот сопруг стануваше сè послабо. Откако тој преживеа срцев удар, таа реши повеќе да му се посвети нему и остана со него до неговата смрт во 1998 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coral Grace (@coralmag_insta)

Подоцна глумеше во Телевизиски остварувања, но во 2002 година го запозна нејзиниот сегашен партнер, актерот Џон Корбет, кого го паметиме како Ејден од серијата „Сексот и градот“. Неодамна Џон и Бо Дерек се венчале во тајност, по 18 години врска. Веста ја откри Џон, во интервју со Џери О’Конел.

Видео на денот