BMW предупредува за пад на профитот од 10 отсто

Германскиот производител на автомобили BMW соопшти дека очекува пад на добивката од 10% во 2019 година, додавајќи дека предвидува радикална заштеда на трошоци во износ од 12 милијарди евра и ефективен план, со кој ќе ги компензира повисоките инвестиции во технологија и трошоците за размена, објави „Reuters“.

Во текот на изминатата недела Концернот изјави дека ќе го забрза намалувањето на трошоците во очекување на една тешка година, откако компанијата забележа 7,9% пад во оперативната добивка за 2018 година.

Профитот на BMW пред оданочување се очекува да достигне ниво кое ќе биде помало отколку во 2018 година.

– Високата нестабилност го отежнува изградувањето на јасна прогноза – рече компанијата.

– Во зависност од тоа како се развиваат условите, нашите насоки може да бидат подложени на дополнителен ризик, особено ризикот од брегзит без договор и тековните процеси на глобално трговско ниво – велат од BMW.

Компанијата соопшти дека ќе ги засили напорите за ефикасност и намалување на трошоците.

– До 2022 година се очекува да ја зголемиме потенцијалната ефикасност од повеќе од 12 милијарди евра – додаваат тие.

Дел од оваа сума ќе произлезе од работата за намалување на времето потребно за производство на нови модели на возила за една третина.

Високите трошоци за развој на електрични и автономни автомобили ќе продолжат да бидат товар за профитот.

BMW соопшти дека очекува оперативната маргина во својот оддел за автомобили да опадне помеѓу 6 и 8 проценти во оваа година, што е под целта на компанијата од 8 до 10 проценти.

Минатата година оперативната маргина на автомобилскиот бизнис на BMW изнесуваше 6,3%.

Видео на денот