Бебе старо само три недели заболено од морбили

На Клиниката за инфективни болести има 43 пациенти со мали сипаници, а поради големиот број уште еден оддел е ставен во функција само за овие болни. Од вкупниот број возрасени се 21 пациент, меѓу кои и една трудница во деветиот месец од бременоста. Останатите 22 пациенти се деца меѓу кои и мали на 6-7 месеци. Еден пациент е на интензивна нега, а неколку се со потешки воспаленија на белите дробови.

На Клиниката за детски болести има 11 пациенти со мали сипаници и меѓу кои и три мајки. Најмалото дете има само три недели. Меѓу болните има и дете кое во јуни ќе направи две години, а на кое му е направена трансплантација на црн дроб. Сите пациенти се во тешка но стабилна здравствена состојба.

Видео на денот