Балашевиќ се поднови со луксузна вила на Истра

EPA
Фото EPA PHOTO/FILES/FEHIM DEMIR

Популарниот Ѓорѓе Балашевиќ купил луксузна вила на Истра вредна 400.000 евра. Како што наведуваат хрватските медиуми, тој вилата ја купил преку фирма чиј директор е неговата ќерка.

Во комплексот има осум идентични вили. Секоја има гаража за два автомобила, голема дневна соба, четири спални соби со посебни тоалети, внатрешна и надворешна кујна, подно греење, сауна и џакузи.

Во близина има и природен парк, а морето е на шест километри од комплексот вили.

Цената на една вила може да биде и повисока, доколку се купува по принципот „клуч на рака“.

Видео на денот