Баерн ја менува стратегијата, налето ќе потроши 200 милиони евра

Фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

Германскиот шампион по елиминацијата од Ливерпул во осминафиналето на ЛШ, одлучи да ја промени стратегијата и ќе почне да издвојува големи суми за ангажман на фудбалски ѕвезди. Челниците на клубот ќе одвојат најмалку 200 милиони евра за ангажирање на нови фудбалери во летниот преоден рок.

Баварците веќе почнаа да го ситнат буџетот, на сметката на Атлетико Мадрид уплатија 40 милиони евра или половина од откупната клаузула за дефанзивецот Тео Ернандез, а останатата сума ќе биде уплатена на стартот од преодниот рок.
Партнер на Ернандез во одбраната ќе му биде колегата од француската репрезентација, Бенжамин Павар, кој веќе има потпишано преддоговор со Баерн, кој за неговите услуги ќе плати 35 милиони евра на Штутгарт.

Тренерот Нико Ковач планира да го освежи нападот на екипата и како партнер на Роберт Левандовски да го ангажира германскиот репрезентативец Тимо Вернер од Лајпциг, за кого се планирани 60 милиони евра.

Ковач сè уште не се одлучил што ќе прави со Хамес Родригез кој игра како позајмен играч од Реал Мадрид, а за негов откуп се потребни 42 милиони евра.

Челниците на Баерн Минхен планираат летниот „шопинг“ да го затворат со најголемата ѕвезда, Пауло Дибала од Јувентус. Имено тие се подготвени да издвојат 100 милиони евра за Дибала доколку Јувентус се одлучи да го стави на трансфер листата.

Видео на денот