Баерн ги растури „милионерите“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја декласира Борусија Дортмунд во дебито на германската Бундес Лига победувајќи со 5:0 во 28. коло и го прескокна ривалот на првото место на табелата. Со победата Баерн, на шест кола до крајот има 64 бодови, само еден повеќе од Борусија Дортмунд.
Резултатот го отвори Матс Хумелс во 10. Минута, а Левандовски зголеми на 2:0. До крајот на полувремето погодија и Хави Мартинез и Серж Гнабри за убедливи 4:0 со што беа решени сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат го постави Левандовски кој својот втор гол го постигна во 89. минута.
Видео на денот