Автомобил излета во Охридското Езеро

Фото: МИА

Мало невнимание на возачот и моторно возило заврши во водите на Охридското Езеро.

Незгодата во која нема повредени, се случи утрово на паркиралиште на кејот „Македонија” во центарот на Охрид, на местото каде што се спојува со улицата „Јане Сандански”.

Полицијата врши увид за утврдување на околностите што довеле до оваа невообичаена незгода.

Според она што можеше да се види на лице место, се работи за невнимание на женско лице кое изгубило контрола врз возилото при обид да направи маневар за паркирање.

Видео на денот