Автобус се заби во киоск во Белград (ВИДЕО)

Четири лица се повредени во несреќа која се случи денес околу 10.30 часот на аголот од Булеварот на крал Александар и улица Востаничка во Белград, кога автобус на приватен превозник полн со патници се заби во магацин, односно еден од празните локали кои се наоѓаат покрај самата раскрсница.
Во моментот на несреќата во автобусот имало дваесет патници.
Автобусот прво удрил во бело југо, а потоа се забил во напуштениот магацин.
На повредените веднаш им е укажана медицинска помош, а полициските екипи вршат увид.
Видео на денот