Австралија нема да прими странски туристи до 2022 година

Мелбурн, Австралија / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Странските туристи нема да бидат добредојдени во Австралија до следната година, изјави денеска премиерот Скот Морисон, наведувајќи ги плановите за укинување на некои од најтешките и најдолгите ограничувања за патување поради коронавирусот.

Наместо тоа, според АП, земјата ќе даде приоритет на враќањето на странските студенти, и откако ќе се постигне целта на премиерот Скот Морисон за повторно отворање на надворешните граници, што би се случила доколку целосната вакцинација е на 80 проценти од населението на возраст од 16 години и повеќе.

Веста доаѓа само неколку дена откако премиерот Морисон ги објави плановите да им овозможи на вакцинираните граѓани и постојаните жители да летаат во странство од ноември, за прв пат од март 2020 година.

Строгите ограничувања за патување поради коронавирусот, кој ги затвори повеќето Австралијци во нивните домви и ги задржа повеќето странци подалеку од земјата, доведе до најниско ниво на имиграција од Втората светска војна, според АП.

Универзитетите стравуваат

Австралиските универзитети се особено погодени, бидејќи тие многу се потпираат на надоместоците што ги плаќаат странските студенти и многумина стравуваат дека ќе заминат на друго место ако не им биде дозволено да се вратат наскоро.

Овие мерки нанесоа голем емоционален товар врз земјата во која половина од населението е родено во странство или има барем еден родител имигрант.

Откако беа укинати ограничувањата за Австралијците, премиерот Морисон рече дека следниот приоритет ќе бидат странските студенти пред туристите, но тој не прецизираше кога ќе им биде дозволено да влезат во земјата.

„Веруваме дека следната година ќе стигнеме до меѓународни посетители“, рече Морисон.

АП потсетува дека има неколку исклучоци од забраната за патување во Австралија, а тоа е за оние патници кои мораа да ги поминат следните две недели во карантин во хотел од моментот кога ќе влезат во земјата.

И тоа, како што е наведено, би било голема пречка доколку таквата мерка остане во сила и откако ќе им биде дозволено на туристите да влезат во земјата.

Морисон: Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите

Видео на денот