Асанж „брутално и незаконски“ уапсен – Неговата мајка бара да биде ослободен

Фото: Принтскрин

Кристин Асанж побара нејзиниот син да биде ослободен, осудувајќи го неговото апсење како „брутално и незаконско”.

Таа порача дека „ќе се бори со сите сили” да го ослободи својот син.

Џулијан Асанж вчера беше извлечен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што помина седум години и му се заканува екстрадиција во САД.

Кристин Асанж на Твитер ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј дека се обидува да го сврти вниманието од Брегзит со апсење на нејзиниот син Џулијан, како што вели, „храбар, мачен и многупати наградуван новинар“.

Претставниците на полицијата и судот ги замоли да бидат „внимателни, нежни и љубезни” кон нејзиниот син.

 

Видео на денот