Apple ги представи новите iPad Air и iPad Mini

Пред конференцијата закажана за понеделник, Apple претстави нова линија на таблети – 10,5-инчниот iPad Air и 7,9-инчниот iPad mini. Двете доаѓаат со поддршка на Apple Pencil.

Новиот iPad Air го има најновиот A12 Bionic чип со Neural Engine, кој обезбедува 70 отсто подобри перформанси и два пати помоќен графички капацитет во споредба со претходникот. Најновиот модел на IPad, исто така, има 10,5-инчен Retina True Tone дисплеј кој е речиси 20 проценти поголем и дава повеќе од половина милион повеќе пиксели од стариот 9,7-инчен дисплеј.

Фото: Промо
Видео на денот