Антиваксерски собир: Луд, ј*бе збуњеног!

Протест против ковид-мерките и вакцините / 15 август 2021, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На собирот на антиваксерите имаше поприлично народ со „издржани“ политички пораки како за обично, независно, граѓанско движење, што ведаш предизвикува сомнеж дека „некоја“ партија стои зад иницијаторот. Некоја што е антиваксерска, или некоја што им се потпикува на овие наши сограѓани подржувајќи ги, некоја што на своите митинзи без исклучок носи знамиња на Вергина, или пак некоја што го користи истиот безобразен речник во својот говор, како многумина на собирот.

Се обидувам да најдам збор што ќе го изрази најсоодветно сублиматот на собирот и не можам да најдам друг, освен онаа српскана поговорка: луд је*е збуњеног!

Како инаку да ги разберам барањата од собирот на оние што беа „лидери“ од една страна и на оние кои простум стоеја и гледаа претстава на група избезумени хејтери кои на крајот и не знаеја што зборат ниту што прават. И овие „паметниве“ сега се лути на медиумите, а не на оние кои „лаеја“ во нивно присуство.

Тие треба да знаат дека кога има СОБИР, се собираат оние кои се истомисленици за некоја идеја. Ако видат дека тој собир не ги изразува нивните ставови, најдобро да заминат за да не се поистоветат со другите и со она во што тој собир може да се претвори.

Од „другите“ пак не разбрав зошто на некој му се смачило да „мија раци“, од кога почнал да ги мие и дали и пред тоа не ги миел, или што мораме да знаеме сите на кого госпоѓата ќе му дозволи да ја „дупи“, зошто некои носеа маски, а некои ги запалија па денеска купија други. Најлудо беше што лекарите, оние од кои сите бараме спас ги нарекоа убијци. И сите скандираа.

А утре кога ќе се разболат тие самите, или некој од потесното семејство, ќе ги молат истите тие лекари за слободен кревет и ќе бараат врски меѓу медицинскиот персонал кој во изминатиов период беше на работ на издржливост од преоптоваренонст со заболени, а сега главно од невакцинирани.

Затоа сите овие антиваксери кои не се плашат од вирусот, или за кои можеби тој и не постои, треба да се испратат на општествено корисна работа во Ковид центрите, без маска, така невакцинирани да им помагаат на болните, особено на антиваксерските заболени.

Што се однесува пак до „насилноста во вакцинирањето“, не видовме дека некој трча по нив за да ги „дупи“, или дека им е забрането да одат на работа како што е во повеќето европски земји.

А тие ако читаат малку повеќе, ќе разберат дека во Камбера трет ден веќе градот е во карантин заради ЕДЕН случај на заболен, додека пак милионскиот Сиднеј е 56 дена „лок даун“ за само неколкумина заразени со Ковид 19.

А вие цмиздрите за неодење во кафеана. Марш дома.

Видео на денот