Американските акционери го дадоа „Boeing“ на суд

По двете авионски несреќи на патничките авиони „737 Max“, американските акционери поднесоа тужба против „Boeing“ во американскиот федерален суд. Тие ја обвинуваат компанијата за покривање на безбедносните празнини во овој тип на авиони. „Boeing“ ја стави „профитабилноста и растот на безбедноста на авионот и интегритетот“, стои во документите доставени во судот.

Тие тврдат дека поради силната конкуренција со европскиот производител „Аirbus“, „Boeing“ прерано го пушти на пазарот моделот „737 Max“. Портпаролот на концернот одби да даде коментар за „Ројтерс“.

По несреќата на „Еthiopian Airlines“ на 10 март, властите ширум светот воведоа забрана за летови и побараа од производителот да го разјасни случајот и да го ажурира софтверот. Пазарната вредност на концернот „потона“ за две недели за 34 милијарди долари. Во вторникот, компанијата ја заврши берзанската сесија во САД со пад од 1,46 отсто на 369,04 долари по акција.

Видео на денот