Амбициозниот план на Путин: Мора да се зголеми популацијата во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин и постави цел на владата да обезбеди зголемување на популацијата на земјата до крајот на 2024 година, соопшти Кремљ.
-Владата доби задача да ги достигне националните развојни цели, така што ќе ја зголеми популацијата до 2024 година, како и да се погрижи просечниот животен век на граѓаните да биде 75 години до крајот на 2025 година, се наведува во документот, пренесува ТАСС.
На состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, Путин нагласи дека од 2012 до 2018 година, популацијата во Русија е зголемена за 3,8 милиони луѓе, но тогаш поради „демографски дупки и останати околности, државата се соочи со неповолна слика по прашањето на плодноста на населението и заминувањето на популацијата“.
Претседателот на Русија тогаш ја замоли владата „гледа на овој факт подетално“, нагласувајќи дека „целите треба да бидат реални и истовремено амбициозни“.