Алкараз, Зверев и Руд во третото коло на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на грен слем турнирот „Австралија опен“ откако го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего со 3:1 во сетови 6:4, 6:7, 6:3 и 7:6. Вториот тенисер на светот триумфираше против 46 на АТП листата после три часа и 25 минути.

Алкараз во следната фаза ќе игра против Шенг Јунченг од Кина кој со 2:6, 6:3, 7:5 и 6:4 го елиминираше Сумит Нагал од Индија.

Германецот Александер Зверев после голема борба во пет сета го победи квалификантот од Словачка, Лукаш Клајн (7:5, 3:6, 4:6, 7:6, 7:6). Следен противник на Зверев ќе биде 91 тенисер на светот, Американецот Алекс Мичелсен кој со 4:6, 6:3, 6:4 и 6:4 од турнирот го исфрли Јиржи Лехечка од Чешка.

Во третото коло е и Норвежанецот Каспер Руд кој беше подобар од Австралиецот Макс Парсел по пет одиграни сета (6:3, 6:7, 6:3, 3:6, 7:6). Руд во наредното коло ќе игра против Британецот Камерон Нори.

Во женска конкуренција натпреварувањето заврши за петтата тенисерка на светот, Џесика Пегула (САД) кој беше поразена после 70 минути игра од Французинката Клер Бирел со 6:4 и 6:2. Бирел во следната фаза ќе игра против сонародничката Осеан Доден.

Првата носителка на турнирот Ига Швјонтек потешко од очекувањата се пласираше во третото коло откако со 6:4, 3:6 и 6:4 славеше победа над Даниел Колинс (САД). Наредна противничка на полската тенисерка Швјотенк ќе биде 19-годишната Линда Носкова од Чешка која беше подобра од Американката Мекартни Кеслер (6:3, 1:6, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот