Алиоски: Ние сме силни како колектив

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Играчот од средниот ред, Езгјан Алиоски се надева на добра и офанзивна игра на вечерашниот дуел со Словенија, на стадионот „Стожице“ во Љубљана, притоа истакнувајќи ја предноста која ја има Македонија.

– Словенија има добри индивидуалци, но ние сме силни како екипа. Ако играме како што знаеме и ако ги исполниме сите задачи, можеме да дојдеме до позитивен резултат на ова гостување. Се надевам дека ќе играме офанзивно. Не би требало да се браниме, затоа што ако играме дефанзивно, тешко ќе ни биде да дојдеме до резултат – рече Алиоски.

 

Видео на денот