Александра Заева е матурантка

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева оваа година е матурантка. Таа на својот Инстаграм профил, пријателите ги почести со преубава фотографија од нејзиното табло.

Ќерката на премиерот Заев, Александра е четврта година во средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица.

Во јавноста се уште не е познато каде таа ќе го продолжи своето школување и дали ќе тргне по стапките на нејзиниот татко.

Александра е активна на социјалните мрежи и таа често знае да објави слики од нејзиното семејство и нејзините патувања со нејзиниот дечко.

Пред неколку месеци таа беше манекенка на ревијата во Струмица за лицата со попреченост.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко. Премиерот и неговата сопруга на 30 септември годинава прославија 23 години брак.

Видео на денот