АЛАРМАНТНО Бројот на самоубиства во пораст, една година руши рекорди

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во последниве осум години најмногу самоубиства се случиле во 2012 година или 174.  Лани полицијата евидентирала 121 самоубиство. Од нив најмногу биле во Скопје – 29, Штип – 20,  Струмица 18,  Битола – 16, Куманово 14, Велес и Охрид по  8. Во 2017 оваа бројка изнесувала 103. За првите три месеци од годинава се регистрирани 20 самоубиства.

Во 2010 бројот на самоубиства бил 150, 2011 –  140, 2012- 174,  2013 – 154, 2015 -116 и 2016 – 136.

Според Светската здравствена организација едно лице извршува самоубиство во светот на секои 40 секунди. Во првиот глобален извештај за превенција на самоубиствата, СЗО анализира податоци од последните десет години на светско ниво. Се заклучува дека околу 800 илјади луѓе извршуваат самоубиства годишно, дека тоа е втората водечка причина за смртта на младите од 15 до 29 години, дека бројот на самоубиства е најголем кај лицата над 70 години и дека 75 отсто од самоубиствата се кај луѓето од земјите со ниски и средни примања. Според организацијата, самоубиствата се главен здравствен проблем што многу често е третиран како табу тема. Стратешка цел на СЗО во рамките на здравствената програма (2013 – 2020) е намалување на стапката на самоубиства за 10 отсто.

Видео на денот