Акционерите на „Македонијатурист“ ќе добијат дивиденда од акумулираната добивка

Акционерското друштво „Македонијатурист“ донесе предлог-одлука за распределба на добивката на компанијата за 2018 година.

Во предлог-одлуката стои дека добивката по оданочување на годишната сметка на компанијата за минатата година, која е во износ од 112.064.103 денари, ќе биде распределена за инвестиции.

Според предлог-одлуката, исплатата на дивиденда за 2018 година, која е во износ од 97.403.214 денари, ќе се исплати од нераспределените акумулирани добивки до 2008 година.

Висината на дивидендата по бруто по акција ќе изнесува 239.307 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 22.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 23.05.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 24.05.2019 година.

Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе биде во законски предвидениот рок.

Видео на денот