Актерот Милан Калиниќ со боксови му ја раскрвари главата на навивач на Црвена звезда (ВИДЕО)

Мајсторката од кошаркарскиот дуел во АБА лигата меѓу Црвена звезда и Партизан го одбележа жестоката тепачка меѓу познатиот српски актер Милан Калиниќ со еден навивач на црвено-белите.

Инцидентот се случил пред почетокот на вечното дерби во салата „Александар Николиќ“.

Калиниќ имал физичка пресметка со навивачот на Црвена звезда, чиј идентитет се уште не е познат.
Наводно навивачот седел на местото кое било резервирано за Калиниќ, па затоа дошло до расправија, а потоа и физичка пресметка, по која навивачот завршил со раскрварена глава.

 

Видео на денот