Академската година на Катедрата за современ танц при УГД почна со гости од странство

Кореографија „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска во изведба на Скопје танцов театар и УГД

Новата академска година на Катедрата за современ танц при УГД започна со работилници за современ танц и кореографски истражувања со гости од странство. Во рамки на програмата за новата сезона на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ гостува интернационално признатата кореографка и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, Џоан Ван Дер Маст, која работи со студентите на прв циклус студии за современ танц. Работилниците опфаќаат изучување на современи танцови техники, Лабан анализа на движења и импровизиации.

Џоан Ван Дер Маст, која е експерт за Методологии на учење и Лабан анализа на движење, воедно одржува и часови за методологија и педагогија на постоечкиот професорски и наставнички кадар, со што се надградува комплетното знаење на тимот на професори на Катедрата за современ танц. Како предавач таа работи на многу престижни сцени и академски средини низ Европа, Азија и Африка.

Втората работилница се одржува под наслов „Сѐ што една држава сака“ ја водат уметниците Дора Кокољ, танчерка и кореографка, поранешна студентка на Рисима Рисимкин, која работи и живее во Загреб, Миа Штарк, изведбен уметник, и Луција Клариќ, драматург, од Хрватска, придружувани од уметниците Фабе Борел Бамби и Ајпеур Фунду, од Република Конго, кои моментално живеат во Париз. Работилниците опфаќаат методологија и задачи врз основа на веќе создадена претстава, на која база студентите ќе презентираат сопствени идеи и решенија преку импровизации.

Проектот „Сѐ што една држава сака“, во чии рамки се одржува работилницата е во продукција на Центар за драмски уметности од Загреб и е поддржан од повеќе помагатели, како „Заклада Култура Нова“, „Тетароскоп“, Градот Загреб, Министерство за култура и медиуми на Република Хрватска, Туристичката заедница на Градот Загреб, Центар за млади „Рибњак“.

Работилница за танц се одржува во рамки на проектот „Сѐ што една држава сака“

Филмската академија при УГД од годинава отвори уште една студиска програма за Балетска педагогија, на која предаваат реномирани предавачи и првите студенти веќе ја посетуваат наставата во просториите на УГД во Дом на АРМ во Скопје.

– Ме радува успешниот старт на академската година на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, со прекрасни професори од интернационален карактер, што е секогаш возбудливо за студентите. Воедно, задоволни сме од интересот за нашите студиски програми, за прв и втор циклус на студии, како и за новоотворената студиска програма за Балетска педагогија. Нашите програми постојано привлекуваат и странски студенти, па година повторно, покрај домашните студенти, имаме и студенти од странство кои ќе студираат со нас, и тоа од Словачка, Германија и Црна Гора. Студенти од трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 година, ќе бидат гости на Ротердамската академија за танц при Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија, каде ќе имаат студиски престој и уникатна можност за надградба на своите знаења и, покрај наставниот план на изучување танцови техники, ќе учествуваат во креативниот процес на создавање кореографски дела со млади кореографи – изјави Рисима Рисимкин, декан на Филмската академија при УГД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот