Заев и Ципрас позираа пред камерите, а направија и селфи пред Владата

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пристигна пред Владата откако слета на скопскиот аеродром. Премиерот, Зоран Заев, прв му посака добредојде на Ципрас, но наместо по црвениот тепих каде го чекаа министерите, го однесе Ципрас прво пред камерите на новинарските екипи кои го следат настанот.
Заев и Ципрас се поздравуваа и позираа пред камерите, а домаќинот ја искористи приликата неколку пати да направи селфи со својот гостинот.
Се очекува двајцата премиери да потпишат повеќе договори за соработка, по што во 12.30 часот ќе одржат прес-конференција.
Видео на денот