Џејсон Кид главен фаворит за клупата на ЛА Лејкерс

Џејсон Кид е главен фаворит да го наследи Лук Волтон на тренерската функција во ЛА Лејкерс. Смената се очекува да биде извршена по завршувањето на сезоната, а Волтон и дефинитивно си оди бидејќи вториот најтрофеен тим во НБА лигата веќе шест години нема обезбедено пласман во плејофот и тоа раководството на тимот не може да му го прости на младиот тренер.
Кид по завршувањето на играчката кариера во НБА, беше тренер на Бруклин нетс и Милвоки бакс со половичен ефект, за пет години во Бруклин нетс, Кид само еднаш ја однесе екипата во плејофот, додека со Милвоки два пати играше во разигрувањето.
Видео на денот