Јувентус со официјално соопштение за повредата на Роналдо

Италијанскиот шампион Јувентус објави соопштение за состојбата на Кристијано Роналдо.

Напаѓачот се повреди синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу Португалија и Србија (1:1).

„Медицинските резултати во Португалија покажаа дека Роналдо има мали оштетувања на флексорните мускули на десното бедро. Неговиот статус ќе биде надгледуван, а потоа ќе се спроведе уште едно истражување за да се утврди датумот на неговото враќање, соопштија од „Старата дама”.

Видео на денот