ЈП „Комунална Хигиена“ потпиша Меморандум за соработка со Педагошкиот факултет „СВ. Климент Охридски“

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со официјализирање на
соработката со високообразовните институции, со цел размена на знаења,
идеи, едукација и спроведување заеднички проекти.
Во таа насока, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и деканот
на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Емиљ
Сулејмани, денеска потпишаа Меморандум за соработка при размената на
научни и стручни искуства и организирањето настани и студентски
активности за подигнување на јавната свест за зачувување на хигиената и
заштита на животната средина.
Видео на денот