Швајцарија и Норвешка од готовото направија вересија (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Селекциите на Швајцарија и на Норвешка наместо да остварат триумфи во второто коло од квалификациите за ЕП 2020, мораат да се задоволат само со реми.
Швајцарија во дуелот со Данска на шест минути до крајот имаше предност од 3:0, но Данците со головите на Матијас Јоргенсен во 84. минута, Кристијан Гиткјер во 88. минута и на Хенрик Далсград во судиското продолжение, го шокираа домаќинот.


Со идентични 3:3 заврши и скандинавската пресметка помеѓу Норвешка и Шведска, но тука од пораз се спасуваше домаќинот. Норвешка иако до 70. минута со головите на Јонсен и на Кинг имаше предност од 2:0, Швеѓаните се вратија во игра преку Клесон и автоголот на Нордвеит дојдоа до израмнување, додека Куасон во 91. минута донесе и предност. Сепак, домаќинот во 97 минута преку Камара успеа да дојде до скапоцен бод.

Резултати:
Група Д
Ирска – Грузија 1:0
Швајцарија – Данска 3: 3

Група Ф
Малта – Шпанија 0:2
Норвешка – Шведска 3:3
Романија – Фарски Острови 4:1

Група Ј
Ерменија – Финска 0:2
БиХ – Грција 2:2
Италија – Лихтенштајн 6:0

 

 

Видео на денот