Хамилтон го прифати подарокот од Леклерк и Ферари

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Актуелниот Ф1 шампион Луис Хамилтон триумфира на трката во која се возеше во Бахреин, со што на Мерцедес му ја донесе втората победа на втората трка сезонава.

Хамилтон максимално го искористи подарокот што го доби од возачот на Ферари, Шарл Леклерк чиј болид почна да ја губи силата иако на девет круга до крајот беше лидер на трката.

Младиот возач на Ферари воедно е и најголем губитник на  денешната трка бидејќи имаше одлична трка се до 47 круг кога пријави проблеми со болидот и на крајот дојде само до третата позиција. На второто место се пласира клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Како четврти трката во Бахреин ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, додека лошиот викенд за Ферари на надополни Фетел кој беше петти откако по загубениот дуел со Хамилтон го изврте болидот и загуби три позиции.

Видео на денот