Фејсбук забрани расизам на белци

Компанијата Фејсбук забрани поддржување и застапување расизам на белци и сепаратизам на своите платформи со што ги зајакна напорите во борбата против говор на омраза.

Новата политика стапува во сила следната недела, објави социјалната мрежа.

Фејсбук, Твитер и Јутјуб се под притисок да отстранат содржини со расизам и неонацизам од своите платформи.

Како одговор, Фејсбук ги зајакна групите за надзор на содржина и укина страници кои се користат за промоција и организација на собири на расистички групи на белци.

– Во текот на изминатите три месеци разговорите со членови на цивилното општество и експерти за меѓурасни односи ширум светот ни потврдија дека национализмот на белците и сепаратизмот не може да биде одвоен од расизмот и организираните групи кои заговараат омраза, објави компанијата.

Фејсбук исто така наведе дека луѓето кои пребаруваат поими поврзани со расизам на белци ќе почнат да ги поврзуваат со организацијата Лајф Афтер Хејт (Life After Hate), која им помага на луѓето да напуштат групи што заговараат омраза.

Видео на денот