Федерер продолжува да дели лекции во Мајами

EPA-EFE/JASON SZENES

Швајцарецот Роџер Федерер се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами откако во четвртфиналето со 6:0,6:4 славеше над Кевин Андерсон.

Ова ќе биде седмо полуфинале во Мајами. Швајцарецот во богата кариера, на Мастерс турнирите дури 65 пати играл во полуфиналето и има освоено 27 титули. Нареден противник ќе му биде тинејџерот од Канада, Денис Шаповалов.

Кај дамите, во финалето ќе играат 5. и 12. носителка, Каролина Плишкова и Ешли Барти.
Плишкова со 7:5,6:1 ја победи Симона Халеп, додека Барти исто така во два сета беше поуспешна од Анет Контавеит (6:3,6:3).

Видео на денот