Федерер не дозволува изненадување во Мајами

EPA-EFE/JASON SZENES

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами откако во два сета со 6:4,6:2 беше поуспешен од Русинот Данил Медведев и не дозволи уште еден фаворит да биде елиминиран.
Претходно првиот носител Новак Ѓоковиќ загуби од Шпанецот Роберто Баутиста Агут и сега Федерер е најголем фаворит за освојување на титулата, која би била негова 101-ва во кариерата. Бранителот на титулата Џон Изнер со 7:6,7:6 беше поуспешен од Агут.

Следен противник на Швајцарецот ќе биде Кевин Андерсон, а во второто четвртфинале ќе се сретнат младите надежи Френсис Тиафо и Денис Шаповалов.

Кај дамите, во полуфиналето ќе играат втората и петтата носителка, Симона Халеп и Каролина Плишкова. Плишкова во два сета со 6:3,6:4 ја елиминира својата сонародничка Маркета Вондрушова, додека Халеп со 6:4,7:5 славеше над Ван од Кина.

 

Видео на денот