УЕФА воведува лимит за цените на билетите за гостински фанови

EPA-EFE/RUI VIEIRA

Челниците на УЕФА и дел од најголемите фудбалски клубови во Европа покренаа иницијатива за воведување на лимит за цените на билетите за гостинските навивачи во европските натпреварувања.

Ваквата акција на УЕФА е клубовите доаѓа само неколку денови откако Манчестер Јунајтед и Барселона влегоа во конфликт поради превисоките цени кои ги одреде шпанскиот тим за навивачите на јунајтед за дуелот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Барселона прва објави дека навивачите на Манчестер јунајтед доколку сакаат да го бодрат својот тим на Камп Ноу ќе мора да платат 102 фунти. Оваа сума прво ги разлути навивачите но и раководството на англискиот тим кој веднаш објави дека и тие ќе бараат 102 фунти од шанските фанови доколку сакаат да ја бодрат Барселона. За да им олесни на верните навивачи , раководството на англискиот тим објави дека за секој нивен навивач кој ќе патува во Барселона ќе го субвенционира со 40 фунти.

За разлика од Барселона и Манчестер јунајтед, раководствата на Ливерпул и Порто успеаја да договорат пониски цени за своите навивачи. Португалците одлучија да ја намалат цената за гостинските навивачи од 73 на 52 фунти за еден билет.

Видео на денот