Стевчо Јакимовски во куќен притвор

Судот вечерва му одреди куќен притвор на Стевчо Јакимовски, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување за периодот кога беше градоначалник на општина Карпош.

Обвинителството бараше на Јакимовски да му биде одреден затворски притвор, но поради здравствената состојба Судот одлучи тоа да биде куќен притвор.

Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.

Видео на денот