Средба Хан-Вучиќ: Владеењето на правото и напредокот на Србија кон ЕУ

Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Еврокомесарот Јоханес Хан на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ инсистирал да се работи на унапредување на полето на демократијата и на владеењето на правото за напредок на Србија на европскиот пат, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ истакнал дека Србија ги почитува највисоките демократски принципи и ќе се однесува во согласност со однесувањето на Германија, Франција и другите земји од Европска Унија, кога станува збор за клучните прашања во областа на владеењето на правото, работата на полицијата и на правосудските органи. Вучиќ разговарал со Хан и за европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот и за проблемите во дијалогот со Косово.

Предвидено е Хан денеска да се сретне со премиерката Ана Брнабиќ.

Видео на денот