Спасовски: Осудувам какво било насилство, секој ќе одговара за направеното

Осудувам какво било насилство што се случува каде било и од каде било и секој мора да одговара за она што го има направено.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината во Куманово во врска со настанот што се случил во саботата вечерта во дискотека во село Марино, општина Илинден кога со нож било прободено момче.

По насока на јавниот обвинител се пуштени, меѓутоа не се пуштени заради никаква друга причина, туку за утврдување на одредени факти што ќе треба да ги утврди обвинителот и до крај да се заврши со поднесување на кривична пријава.

 

Видео на денот