„Скромна“ изјава на Коби: Јас сум најдобар (ВИДЕО)

Во емисијата „Лејт најт шоу“ Коби Брајант доби неблагодарна задача да ги рангира најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, а доколку не го стори тоа, ќе мора да изеде јазик од крава.
„Добро, добро… Јас сум најдобар, Мајкл Џордан е втор, а Леброн Џејмс е трет“, изјави нескромно Брајант.
Брајант претходно сакаше да го избегне одговорот на ова незгодно прашање и посака да го изеде јазикот од крава, но во последен момент се премисли.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата освои пет шампионски титули со ЛА Лејкерс, а во 1346 натпревари во најсилната лига на светот оствари просечни 25 поени, 5.2 скокови и 4.7 асистенции.
Видео на денот