Седум кандидати за домаќини на Евробаскет 2021

EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Дури седум земји поднесоа кандидатура за организација на Европското првенство во кошарка кое треба да се одржи 2021 година. До крајот на  рокот кој беше  15 март, седум земји ги предадоа своите кандидатури, Чешка, Естонија, Германија, Грузија, Унгарија, Италија и Словенија. Интересно е што ниту една земја не поднела самостојна кандидатура и се очекува ФИБА да одреди четири земји кои ќе го организираат Евробаскет 2021.

Овој рецепт за прв пат беше искористен во 2015 година кога Евробаскетот го организираа Хрватска, Германија, Франција и Летонија, а две години подоцна Финска, Израел, Романија и Турција беа заеднички организатори.

Одлуката кои четири земји ќе бидат оргазатори ФИБА ќе ја донесе во јули годинава. Евробаскетот 2021 е предвидено да се игра од 17 до 29 август и на него ќе настапат 24 репрезентации.

Видео на денот