Седуммина загинати при напад на борци на ИД врз контролен пункт во Сирија

Екстремистичката организација Исламска држава презеде одговорноста за напад врз контролен пункт на американските сили во северниот сириски град Манбриџ, во кој денеска загина седум, а беа повредени три лица.

Нападот покажа дека ИД сè уште може да изврши смртоносни бунтовнички напади и оти е далеку од целосен пораз и покрај тоа што ги загуби сите територии што некогаш ги контролираше во Ирак и Сирија.

Според Сарфан Дарвиш од воениот совет на Манбриџ, нападот се случил по полноќ на еден од влезовите во градот.

На мета биле борци задолжени за заштита на градот.

Видео на денот