Ристовски е оптимист пред вториот натпревар од квалификациите за ЕП против Словенија

На денешната пресконфенреција во Љубљана, пред дуелот на нашата репрезентација против селекцијата на Словенија, во рамките на квалификациите за ЕП 2020 година, десниот бек Стефан Ристовски е оптимистички расположен.
Тој истакна дека Македонија треба утре на теренот да покаже што знае и што може.
-Оваа генерација покажа дека има вредност, можеме ние да зборуваме на прес многу, но вистинските зборови преку игра треба да ги покажеме на теренот. Словенија ја респектираме, но оваа селекција на Македонија има верба во себе и може да се надигрува и со најсилните репрезентации. Мислам дека тоа го правиме добро веќе некое време и овој меч со Словенија ќе биде вистински тест, изјавил Ристовски на пресконференцијата во Словенија.
Видео на денот